Викторија е дипломиран психолог кој живее и работи во Скопје и има 10 години работно искуство во областа на UX и UI дизајн. Својата кариера ја започнува во 2013та година со вработувањето во компанијата Хаселт, каде работи главно како соло дизајнер. Во 2016та година се вработува во Нетцетера каде за првпат се сретнува со работа во поголеми UX тимови и работа со продукти.
Во 2019та година преминува во стартапот H4 каде се занимава со комплексен дизајн на колаборативна платформа помеѓу повеќе институции и персони. Во овој период активно се насочува кон UX стратегија на продуктот заедно со предизвикот како да се скалира целиот продукт.
Во 2021 година се вработува повторно во Нетцетера, како Principal UX Architect и Тим лидер, каде во најголем дел од времето е насочена кон UX истражувања, спроведување на работилници според Design Thinking методологијата и креирање стратегии за подобрување на UX процесот во компанијата.
Активно пишува и објавува содржина поврзаната со UX дизајн и дизајн системи, UX истражување и продукти, во познатите публикации како UX Planet, UX Collective и User Weekly.
Покрај Дизајн и Психологија, во слободно време се занимава со готвење, откривање нова музика и планинарење.