Емилија (Емче), дипломиран инженер по компјутерски науки и инженерство, ја има започнато својата кариера како веб дизајнер и инженер за корисничко искуство и со тек времето посебно се посветила и усовршува за UX и UI дизајн, како и Продуктен дизајн. Со повеќе од 7 години работно искуство во различни компании и индустрии како што се финансии, менаџмент, дигитално банкарство, транспорт и друго, Емилија во својата работна кариера оставила голем придонес на повеќе големи и меѓународни продукти. Моментално работи како сениор продукт дизајнер во iBorn.
Во слободното време, Емилија се посветува на гиковски интереси како аниме, гејминг, Youtube. Покрај тоа ужива во самоорганизација на патувања посебно на Азиски дестинации како Јапонија и Јужна Кореја.
Сака да придонесе кон својата заедница и да создаде позитивна промена околу себе, исполнети со дружења и меѓусебна размена на знаење.