Андреј Дојчиновски е магистер инженер архитект кој неодамна решил своите дизајн способности да ги префрли од физичкиот во дигиталниот простор, кој го гледа како повозбудлив и помалку ограничен.
Иако релативно нов во UX и UI дизајнот, зад себе има 3-годишно професионално искуство како архитект, работејќи на проектирање и изведба на објекти од различни категории, посебно во областа на културата и културното наследство, но исто така во делот на едукација, рекреација и тн.
И за време на студирањето, а подоцна работењето како архитект, отсекогаш бил во потрага по креативни проекти надвор од секојдневната рутина, дали тоа било поврзано со цртање, графички дизајн, фотографија или нешто сосема трето. Смета дека ваквиот микс на креативни вештини му се од голема корист за било кој проект што го работи, особено – по најново – проекти од полето на UX и UI.