Реален пример за целосниот процес на преработка на постоечки дизајн систем на обемен продукт, со цел стандардизирање и подобрување на пристапноста на корисничкото искуство, притоа воведувајќи што е можно помалку визуелни промени за корисникот.
Во оваа презентација ќе ги погледнеме сите етапи на креирање или подобрување на еден дизајн систем, најважни WCAG упатства, корисни совети околу градење на компоненти, како и користење на Figma варијабли како “single source of truth” на дизајн одлуки преведени во код и нивна целосна контрола преку Figma.