Наместо само да следиш упатства, почни да водиш преку моќта на прототипирање и структурирани презентации. Практични совети за стекнување почит и влијание со цел да станеш водечкиот глас во твојата организација.
Наместо само да следиш упатства, почни да водиш преку моќта на прототипирање и структурирани презентации. Практични совети за стекнување почит и влијание со цел да станеш водечкиот глас во твојата организација.
Во ерата на глобалниот пазар, “Cross-border UX” често се користи како термин, што го става предизвикот како да дизајнираме за интернационални корисници и како да ја освоиме меѓународната
публика.
“Cross-border UX” е многу повеќе од просто преведување на друг јазик или ажурирање на UI компоненти. “Cross-border UX”, или локализација на UX дизајнот, вклучува прилагодување на интернационални продукти за специфичен регион со цел да се креира релевантно и соодветно корисничко искуство. Станува збор за дизајнирање на мултикултурни продукти, притоа земајќи го во предвид меѓународниот аспект на UX од самото почеток на процесот на развој на продуктот.
Она што им помага на најпопуларните апликации во светот како Facebook или Airbnb да останат популарни и профитабилни е што им обезбедуваат на корисниците чувство на удобност, познатост и лесно користење од било кој агол на светот. За тоа како да го постигнеме ова при изработка на слични апликации и веб страни, Александра ќе го сподели своето повеќегодишно искуство со cross-border UX design и ќе не запознае со најдобрите практики за локализација на UX дизајнот.
Оваа презентација има за цел да го открие потенцијалот во користењето на погледот на очите како примарен начин на интеракција со дигитални производи. Фокусирајќи се на можноста за зголемување на пристапноста за лицата со парализа и оние кои не можат да ги користат традиционалните методи на интеракција. Ќе дискутираме за предизвиците и можностите поврзани со користењето на оваа технологија и како прифаќањето на овој начин на интеракција може да го отвори патот за поинклузивен дигитален пејзаж, осигурувајќи дека секој, без оглед на физичките способности, може да се вклучи и да има корист од технологијата.
Замислете си дека работите на голем проект со дисперзиран тим. Дали корисничкото искуство мора да биде последица на однапред донесени инженерски одлуки? Што ако системите ги дизајнираме според корисничкото искуство што сакаме да го пренесат?
Ќе зборуваме сѐ околу кориснички интервјуа (user Interviews): што се, кога и како се спроведуваат и на крај ќе видиме зошто, според Јане, се најдобрата алатка во нашиот истражувачки арсенал.
Автоматизираните алатки за пристапност ни помагаат, но не ги откриваат сите детали од различни аспекти. Во оваа презентација ќе разгледаме некои од алатките за автоматско тестирање и како можеме да тестираме со програма за гласовно читање на екран. Ќе разгледаме кои препораки се битни да се вклучат уште во најраната фаза при имплементација, за да добиеме продукт кој достигнува најмалку АА стандард.
Реален пример за целосниот процес на преработка на постоечки дизајн систем на обемен продукт, со цел стандардизирање и подобрување на пристапноста на корисничкото искуство, притоа воведувајќи што е можно помалку визуелни промени за корисникот.
Во оваа презентација ќе ги погледнеме сите етапи на креирање или подобрување на еден дизајн систем, најважни WCAG упатства, корисни совети околу градење на компоненти, како и користење на Figma варијабли како “single source of truth” на дизајн одлуки преведени во код и нивна целосна контрола преку Figma.
Многу од нас биле „фрлени“ во менаџерска улога и не сме знаеле од каде да почнеме. Спакувано во новата кованица „Design Ops“, ќе зборуваме за тоа што значи да се организира и води еден тим од дизајнери. Како да ги придобиете останатите учесници во процесите, кои се најчестите пречки и како да (се обидете да) ги надминете при секојдневната работа.