Како продолжение на претходната online работилница за креирање компоненти што се одржа во мај, научете како со користење на променливи и „модови“ во Figma да постигнете визуелна конзистентност, лесно променливи теми и дизајн систем што се прилагодува на различни уреди.
Темата подразбира дека имате основни познавања на Figma и што се дизајн системи.
На ваше барање овој пат ја организираме во живо со практични вежби, ќе се одржи во Base42 на 21 декември од 10 часот во времетраење од 4 часа. Потребен е лаптоп и креирана сметка на Figma однапред.
Регистрацијата ќе биде отворена на 2 декември во 10ч, работилницата е целосно бесплатна и ќе биде ограничена на 30 присутни.